Одобрена е продажбата на Формула 1


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ФИА како управувачко тело на Ф1 ја одобри продажбата на комерцијалните права на „Либерти Медиа“ корпорацијата.

„Либерти“ ќе ги превземе правата од инвестициска група, а од ФИА изјави дека партнерство со „Либерти“ ќе осигура постојан успех во развојот на Ф1 и се очекува продажбата да биде комплетирана во наредните недели.

Да потсетиме дека претходно тие купија 18% од „Делта Топко “компанијата која ја поседува Ф1 групацијата, а вчера акционерите на „Либерти“ дадоа свое одобрение и се очекува да имаат 35.3% од акциите.

Целта на „Либерти“ е да додаде нови трки во САД и во Латинска Америка, па се очекува да постигне раст низ експлоатација на дигиталните медиуми.