Оспина го напушта Арсенал и заминува во Турција?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Колумбискиот голман Давид Оспина најверојатно ги брои последните недели во Лондон.

Тој сака да игра на натпреварите и не е тајна дека сака да го напушти тимот, а се погласни се шпекулациите за летниот преоден рок.

Според медиумите, за неговите услуги е заинтересиран Фенербахче кој е подготвен да плати 6 милиони фунти за него.

Каков е ставот на Арсенал за ова, не е сеуште познато.

Оспина во Арсенал стигна од Ница во 2014 година, а оваа сезона бранеше само на 2 натпревари во ПЛ, каде е резерва на Чех.

Тој имаше шанса да брани во ЛШ, каде што бранеше на 8 натпревари, како и ФА купот каде што одигра 3 натпревари.