Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед веќе сега го знае следниот потег за наредното лето. И ќе се сложите, делува како одлична идеја.
Англиските медиуми објавија приказна како ексклузивна, имено, Манчестер Јунајтед веќе ја идентификува првата мета за наредното лето. Нема ни да преговара, ќе ја плати клаузулата и ќе го доведе Антоан Гризман.
Имено, Мурињо смета дека Французинот би бил идеална замена за Руни кој веќе е во зрели години и во наредната сезона може да заврши во Кина за рекордни пари.
„Ѓаволите“ внимателно ја следат ситуацијата со Французинот кој го продолжи договорот со Атлетико, неговата клаузула сега е околу 100 милиони евра.
После Погба, за Манчестер Јунајтед само небото е граница, спремни се да платат троцифрена сума на Јорганџиите и да го доведат напаѓачот во наредното лето.
Самиот Гризман со драга воља би се преселил кај Мурињо, впрочем, Погба му е еден од најдобрите пријатели, во летото напаѓачот на Атлетико беше на мета на Арсенал, но го продолжи договорот со Мадриѓаните, се зборува дека има некој вид на пакт да замине за огромна сума на пари и да ја остави полна касата на клубот кој од Сосиедад го плати пред неколку сезони 25 милиони евра.
Ќе видиме што се случува во наредното лето, јасно е дека е рано, но Јунајтед има пари и моќ веројатно да го убеди Французинот и на тој начин да реши големо прашање во офанзивата за долг период.