Официјално: Баркли нов фудбалер на Челси

Од таборот на Челси официјално го потврдија трансферот на Рос Баркли кој доаѓа од Евертон за сума од 15 милиони фунти.

Баркли со сините од Лондон потпиша пет и пол годишен договор и ќе го носи дресот со број 8 во дресот на Челси.

„Јас сум импресиониран, навистина сум среќен и со нетрпение очекувам да започнам да играм. Да ми се даде шанса да играм во клуб како Челси е неверојатно за мене. Очекувам да продолжам таму каде што застанав минатата сезона и се надевам дека ќе имам напредок и ќе постигнам многу голови во иднина“- коментираше Баркли веднаш по потпишувањето на договорот.

Рос Баркли е првото засилување на Челси оваа зима и е првиот позвучен трансфер во Премиер лигата во овој преоден рок.