Официјално – Дрогба потпиша за клуб од Америка!

Легендарниот фудбалер на Брегот на Слоновата Коска, Дрогба ќе ја продолжи кариерата во Феникс.

Дрогба беше без клуб, откако на крајот на минатата сезона го напушти Монтреал, а претходните месеци се поврзуваше со многу клубови.

Дрогба не само што ќе игра за тој клуб, туку и ќе стане еден од сопствениците. А кога ќе ја заврши кариерата, во целост ќе се посвети на улогата на клупски функционер.

„Да се биде сопственик и играч во исто време е необично, но тоа ќе биде многу возбудливо.“

Планот е клубот од Аризона за три години да стане дел од МЛС лигата.

„Имав понуди од Кина и Англија, но ова беше вистинска понуда затоа што е важно да размислувам за наредната фаза во мојата кариера. Играв 18 месеци во Монтреал и знам како функционира фудбалот во САД. Ако играм до 40 години, тоа ќе биде голем успех.“