Официјално – Еве колку Дибала мора да паузира!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Вчера Дибала излезе од теренот во солзи, а утрово Јувентус конечно даде соопштение.

Аргентинецот го повреди коленото и ќе отсуствува околу еден месец од терените. Тој најверојатно нема да се врати за првиот натпревар во 1/8-финалето од ЛШ против Тотенхем и тоа е голем проблем за Алегри.

За среќа, следува пауза од две недели, па нема да пропушти многу од првенството, но многумина сметаат дека тоа нема да му претставува проблем на Јувентус од неколку причини.

Прво, имаат многу опции, Бернадески може да игра на тоа место, а исто така Квадрадо и Даглас Коста се сигурни на страничните позиции во нападот, па во секој случај Јувентус може да игра без Дибала.