Официјално: Пепе нов фудбалер на Бешикташ

Португалскиот играч од одбраната, Пепе, стави потпис на договор со турскиот гигант Бешикташ.

Сега веќе екс играчот на Реал Мадрид во Турција доаѓа како слободен агент, а со Бешикташ потпиша двегодишен договор кој има опција да се продолжи на уште една дополнителна година.

34 годишниот фудбалер беше поврзуван со трансфер во ПСЖ но до договор меѓу клубот и играчот не дојде поради тоа што Пепе стриктно бараше двегодишен договор, додека пак Французите на маса му понудија едногодишен договор.