Пех за Барса, играчот за врска ја заврши сезоната!

Лучо Енрике сега ќе има проблеми пред некои од клучните натпревари.

Пред натпреварот со Малага тренерот на Барса ќе може да смета на само 16 фудбалери од првиот тим, и ќе мора да повика двајца момци од Барселона Б.

Тројца се надвор од тимот поради повреда (Видал, Арда и Рафиња), а Пике и Ракитиќ одработуваат суспензија.

Што се однесува до повредените фудбалери јасно е дека Видал уште одамна ја заврши сезоната поради страшна скршеница, а сега е потврдено дека до крајот на натпреварувачката година на располагање на Луис Енрике нема биде Рафиња Алкантара, кој ќе мора на операција на десното колено, и надвор од тимот ќе биде четири месеци.

Бразилецот одигра 26 мечеви во оваа сезома, често добиваше шанса во Примера, но сега е јасно дека Енрике на него повеќе не може да се потпре.