Победа и искачување на прво место: Стох е господар во Висла


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Полскиот скокач, Камил Стох победи на натпреварувањето на Светскиот куп во Висла.

Тој на домашен терен со скокови од 133 и 124 метри стигна до победа со вкупно 268 поени.

Ова за Стох е 3-та победа во сезоната и сега тој е прв во генералниот пласман.

Второто место денес го освои Крафт. Тој со скокови од 133 и 117 метри освои 257.1 поен, но далеку беше од Штох.

На подиумот се каќи и Вилингер, 4-ти беше Даниел Танде додека 5-то место го освои Домен Превц.