Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ниту Бенфика, ниту Зенит, Вања Милинковиќ-Савиќ утре доаѓа во Торино на лекарски прегледи.
Резервниот голман на Србија со Торино ќе потпише 5-годишен договор.
Покрај тоа, познати се и другите детали од трансферот.
Станува збор за трансфер вреден 2.5 милиони евра, а Савиќ би требало да стигне во тимот во вторник.
На голманската позиција, тој ќе го замени Харт кој најави дека ќе се врати во ПЛ.
Да потсетиме, Савиќ во 2014 година премина од Војводина во Манчестер Јунајтед, но таму не доби шанса.