Познато кога Ибрахимовиќ ќе се врати на терените

Манчестер Јунајтед ќе добие големо засилување порано отколку што се предвидуваше.  Златан Ибрахимовиќ ќе се врати на теренот пред почетокот на новата година.

„Златан е лав, вистински борец. Целото време беше бесен и поради тоа брзо заздравува. Како што очекувавме, го намали времето на заздравување и до крајот на годината ќе го видиме на теренот“- коментираше Мурињо во изјава за „Скај Спортс“.

Искусниот шведски напаѓач во април ги скина лигаментите на коленото на натпревар од Лигата на Европа против Андерлехт, а многумина после тоа му предвидуваа крај на кариерата. Наместо тоа, Ибра го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и во следните шест месеци ќе остане „Ѓавол“.

Добри вести стигнуваат од сите страни за Мурињо. „Сан“ тврди дека Ибра и Погба ќе бидат подготвени за дуелот со Њукасл, додека пак Маркос Рохо вчера го одигра својот прв натпревар по долгата пауза поради слична повреда како таа на Ибрахимовиќ.