Полина Кузнецова нова ракометарка на Вардар

30 годишната руска репрезентативка Полина Кузнецова ќе биде нов член на Вардар откако денес стави потпис на договор за следните две сезони.

Кузнецова игра на левата крилна позиција, а во Вардар доаѓа како слободен агент откако и заврши договорот со Красондар од Русија.

„Среќни сме што вака добра ракометарка од светска класа реши својата кариера да ја продолжи во Вардар. Со Кузнецова ќе имаме брзо и „убиствено“ крило, и верувам ќе ги постигнеме заедно резултатите што ги посакуваме“-изјави спортскиот директор на Вардар, Давор Стојаноски.

Во својата кариера Кузнецова има настапувано за тимовите на Волгоград, Лада Тољати, Звезда Звенигород, Астраханочка и Красондар. Русинката има многу индивидуални признанија меѓу кои и најдобро лево крило на последните ЛОИ кои се одржаа во Рио, како и два избори меѓу најдобрите играчи на Светското првенство 2007 и Европското првенство во 2012 година.

Кузнецова е четврто засилување за Вардарки по Драгана Цвијиќ, Јована Саздовска и Мирјета Бајрамовска.