Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот напаѓач Марко Бориело сеуште нема намера да ја заврши својата кариера.
Бориело во ова лето потпиша договор со Каљари, и порача дека сеуште не размислува за пензија.
Овој искусен напаѓач најдобрите денови од својата кариера ги помина во Рома и Милан.
Иако никогаш не оствари некој звучен трансфер, Бориело потврди дека имал доста богати понуди.
„Имав доста понуди од Англија и Шпанија додека настапував за Милан. Сепак, се одлучив да останам во Италија бидејќи играв во голем клуб.
Тогаш имав понуди од Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед и ги одбив“, рече Бориело.
Бориело во првата сезона во дресот на Рома постигна 17 голови, но по доаѓањето на новите челни луѓе мораше да побара нов клуб.
„Не ми беше јасно зошто ме продадоа кога бев во одлична форма. Морам да признам дека тогаш зажалив што не заминав во Реал или во Манчестер. Не можам да верувам што ја избрав Рома“, додаде искусниот 34-годишен напаѓач.