До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот шпански голман, Сантијаго Кањизарес, објави својот Твитер профил, тажна вест дека починал неговиот петгодишен син Санти.
Санти се бореше со тешка болест во последните години, а неговиота татко се прости од него со емотивна порака.
„Мојот син Санти почина. Мислам дека би требало да бидам тој кој ќе ви го каже тоа. Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша 48-годишниот Кањизарес.
Со порака на Твитер се огласи и сопругата на Кањизарес, Мајта.
„Љубов моја, животе мој, ангел мој. Ти благодарам за се што ме научи и за мирот со кој ме напушташ. Ќе продолжам да живеам за тебе, секогаш ќе бидам покрај тебе. Те сакам“
Кањизарес во својата кариера има играно во неколку клубови, а најголема трага остави во Реал Мадрид и Валенсија.









