Предлог од претседателот на Наполи: Да се скрати лигата на 16 екипи!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многу европски лиги со намалувањето на бројот на екипите го подобрија својот фудбалски квалитет.

Интересен предлог на Фудбалскиот Сојуз на Италија им даде претседателот на Наполи, Де Лаурентис, тој тврди дека во Италија ќе се игра многу по квалитетен фудбал доколку во лигата има само 16 екипи, не 20 како сега.

„Во 1986 Серија А имаше 16 екипи. Да има и сега толку сите би биле задоволни од италијанскиот фудбал. Јас би го намалил бројот на екипи и само последниот да отпаѓа од лигата“ – вели Де Лаурентис.

„Зборував и со луѓе од федерацијата. Има екипи кои губат по 6:0 и никако не се добри. Доколку сакаме појака лига, мора да се намали бројот на екипи“ – вели првиот човек на Наполи