Претседателот на Рома го брани Србинот: Би сакал да имам повеќе фудбалери како Коларов!

Претседателот на Рома, Џејмс Палота застана во одбрана на левиот бек Александар Коларов, кој веќе некое време води голема војна со навивачите на Рома.

Палот реши да го пофали Коларов и кажа дека би сакал да има повеќе фудбалери како него во нивниот состав.

„Нема сомнеж дека Коларов е врвен спортист. Секој ден доаѓа прв и речиси последен заминува. Тој е само тврд фудбалер. Го нема на социјалните мрежи, не пие, само игра и тренира напорно“, вели Палота.

Да потсетиме, навивачите на Рома продолжија со провокациите на сметка на Коларов на мечот против Порто, откако на транспарент пишуваше „Коларов Копиле“.