„Признавам, Баерн долго време беше втора опција“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец Матс Хумелс во ова лето се одлучи да ја напушти Борусија Дортмунд и својата кариера да ја продолжи во редовите на Баерн.

Хумелс со своите потези ги разочара навивачите на Дортмунд иако во овој клуб стигна токму од Баерн.

Овој одбранбен играч за германските медиуми откри дека веќе договорил трансфер во англиската Премиерлига, но дека на крајот се одлучил да остане во Бундеслигата.

„Морам да признам дека бев многу блиску за премин во Манчестер Јунајтед, многу блиску. Преговаравме долго време иако имав доста понуди од Шпанија и Италија. Иако и мислев да заминам на Олд Трафорд тоа не се случи. Сфатив дека ќе биде тешко да се навикнам на фудбалот во Англија и се одлучив да останам во лигата која најдобро ја познавам“, рече Хумелс.

Овој 28-годишен одбранбен играч додаде дека му е жал што го напушти Дортмунд, но призна дека секогаш му била желба да се докажа во дресот на Баерн бидејќи тоа е клуб во кој што потекна.