Пристигна нова понуда за Бабунски


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После Јанг Бојс уште еден клуб покажа интерес за македонскиот фудбалер.

Како што работите стојат, Давид Бабунски ќе биде следниот фудбалер кој ќе ја напушти Црвена Звезда во зимскиот преоден рок.

Турскиот суперлигаш, Бурсаспор стапи во контакт со менаџерот на Бабунски и се распрашува под кои услови може да го доведе македонскиот фудбалер. Ветар во грбот на трансферот му дава тренерот Хамза Хамзаоглу кој лично од управата на клубот побара да му биде доведе овој фудбалер.

Бабунски на Маракана стигна пред една година, но не доби вистинска шанса да ги покаже сите квалитети. Има договор со Звезда до 2018-та година и најверојатно поради долговите на српскиот клуб тој ќе си замине како слободен фудбалер.

На сличен начин Звезда ја напушти и Даниел Аврамовски кој неодамна ја засили Олимпија која исто така се споменува како заинтересирана за Бабунски.