„Пријателските натпревари на репрезентациите немаат смисла!“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Мурињо повторно ја критикуваше ФИФА и УЕФА поради пријателските натпревари на репрезентациите во овој период.

Мурињо е бесен на нив затоа што остана без два играчи кои се повредија во пријателските натпревари.

Повреди добија Џонс и Смолинг во пријателскиот натпревар против Германија.

„Апсолутно сум против пријателски натпревари. Мисламд ека такви натпревари немаат смисла во овој период затоа што ни доаѓаат најважните натпревари во финишот на сезоната.“

„Покрај тоа тоа се безначајни натпревари во кои нема никаква важност. Сепак, признавам дека еден ден би можел да бидам селектор на некоја селекција, па не смеам ниту многу да критикувам. Имаме проблем пред натпреварот со ВБА затоа што останавме без 2 стопери.“