Проблеми за Арсенал – Казорла надвор од терените до крајот на сезоната

Венгер до крајот на сезоната нема да може да смета на Казрола.

Играчот за врска на Арсенал оваа сезона се мачи со повредите на Ахиловата тетива и зглобот, а откако првата операција помина неуспешно, наскоро ќе биде испратен на нова.

Тренерот на Арсенал не сака да ризикува трајно оштетување и потврди дека Казорла нема да игра до крајот на сезоната.

„За жал, Санти нема да може да ни помогне до крајот на сезоната. Во договор со докторите, одлучивме дека тоа е најдобро за сите.“

Венгер додаде дека на болки се пожалил и Чех. Тој доби повреда на листот и скоро сигурно во наредните 2 натпревари нема да брани.