Проблеми за Јуве: Во полуфиналето од купот без својот напаѓач

После само 16 минути игра против Торино, Гонѕало Игуаин мораше да го напушти теретнот. Поради повредата аргентинскиот фудбалер нема да игра ниту на мечот против Аталанта.

Тоа и официјално го потврди вчера Алегри кога го соопшти списокот на фудбалери кои ќе бидат во конкуренција за мечот против Аталанта во полуфиналето на Купот на Италија, а меѓу нив го немаше Игуаин.

Покрај него, Бернардески, Квадрадо и Де Шиљо исто така се надвор од конкуренцијата.

Еве го и составот на Јувентус за дуелот во полуфиналерот кој се игра денес.