Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот француски шампион е во жестока офанзива што се однесува на зимскиот преоден рок.
Јулијан Дракслер е осигуран, а секој ден стигнуваат нови вести за желбите на ПСЖ во овој преоден рок. Денес на ред стигна Федерико Бернардески.
Овој 22-годишен фудбалер на Фиорентина е еден од најголемите италијански таленти, а со својата игра го насочи вниманието кон него од Јувентус, Интер и Челси. Но, сега се вклучи и ПСЖ и тоа со понуда која е тешко да се одбие.
Француските медиуми соопштија дека спортскиот директор на ПСЖ, Патрик Клајверт им порачал на раководството на италијанскиот клуб „Колку сакате за Бернардески?“. Сега го чекаме одговорот на Фиорентина.