Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе има големи измени, Клајверт работи на трансферите, бара 4 играчи, но исто така ќе има и многу заминувања…
Веќе пишувавме за тоа, Анхел Ди Марија би можел да биде најголемото име кое ќе го напушти тимот. Се споменува и Пасторе, иако на неговото заминување се противи Ал-Келаифи.
ПСЖ сака да го намали бројот на играчи, а засега не се знае што ќе се случи со Емери.
Но, тоа што е сигурно е дека бараат 2 дефанзивци, стопер и бек и тоа најверојатно ќе бидат млади играчи од француски тимови.
Не постои шанса Верати да замине, а редот за врска ќе биде збогатен со уште еден млад фудбалер, а најголемата ѕвезда би можела да стигне во нападот.
Клајверт смета дека полесно ќе биде да се стигне до Алексис Санчез, отколку до Агуеро.
Веќе е направена финансиска конструкција дека Чилеанецот ќе добие 250.000 фунти неделно колку што бараше во Арсенал, а штп се однесува до него, тоа зависи дали Сити ќе го пушти.
Постои можност двата фудбалери да стигнат во клубот, а тоаќе значи продавање на уште еден фудбалер, најверојатно Моура.
Што се однесува до Марсијал, тие не се премногу заинтересирани, а се претпоставува дека Јунајтед барал премногу пари за својот фудбалер.