„Раката на Анри? И јас би го направил истото!“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Даф се сети на натпреварот во кој Анри со рака во 103-та минута постигна гол против Ирска.

Со својот гол во натпреварот Анри ја исфрли Ирска од листата на патници за СП, а иако многумина го осудуваа, Даф изјави дека би го направил истото.

„Неверојатно е тоа што некој може да се извлече со тоа денес, но и јас би го направил истото. Тој играше и тоа е тоа. Немам проблеми со него.“

Да потсетиме, Даф беше член на Блекбурн, Челси, Њукасл и Фулам додека последниот натпревар во кариерата го одигра за Шамрок.