Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во Барселона треба да се очекуваа голема реконструкција, дел од фудбалерите се поставени на трансфер-пазарот, а уште некои чекаат вистински понуди, а исто така ќе дојдат и уште две засилувања во Каталонија.
Барселона досега ги ангажираше Клемен Ленгл и Артур Мело, а замина Паулињо, но тоа е само почеток на преодниот рок.
Каталонците го сакаат Вилијан, а исто така имаат можност да го купат Погба, но сепак очигледно Рабио од ПСЖ е пореална мета.
Абидал состави листа од играчи, кои може да го напуштат клубот, па ќе се обидат летово да продадат играчи како Андре Гомеш, за кого интерес покажаа Арсенал, Тотнем и Челси.
Исто така, Марлон, Даглас, Мунир Ел Хадади и Рафиња се на продажба, но само за последниот има интерес.
Сампер, исто така, не е во плановите на Ернесто Валверде, а најверојатно Барселона ќе добие многу пари за Џери Мина, кој го сака Евертон.
Тројца играчи се на продажба, по нормална цена без попусти, а тоа се Силесен, кој го сака Ливерпул. Алкасер би останал како замена за Суарез, а Лукас Дињ како алтернатива за Алба, иако за него интерес покажаа Баерн Минхен и Јувентус.
Што се однесува до засилувањата, двајца од споменатите три играчи, односно Вилијан, Рабио и Погба, би требало да пристигнат во екипата.