Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дали ова ви звучи реално – Бензема во Арсенал, Санчез во Реал Мадрид.
Медиумите носат интересна приказна за потенцијалната размена на Арсенал и Реал Мадрид.
Наводно, Арсенал е свесен дека ова лето ќе остане без Санчез, а затоа што не сака да го продава на ривалите од ПЛ, ќе мора на преговори со странски клубови.
По ПСЖ, Јувентус и Атлетико Мадрид, во трка влезе и Реал Мадрид, кој го сака Чилеанецот во свои редови.
Сепак, Арсенал има услов, а тоа е размена, односново спротивна насока да отиде Бензема кој скоро секоја година се поврзува со трансфер во Лондон.
Бензема оваа сезона често беше мета на критичарите во Шпанија, а многумина сметаат дека е време за промена по 9 години колку што е првиот шпиц на Реал.
Санчез не е типична „деветка“ како што е Бензема, иако во ПЛ се покажа како одличен играч.
Нападот на Реал со Роналдо, Бејл и Санчез звучи импресивно, но не треба да се заборави дека тој помина 3 години во Барселона и тоа би предизвикало потреси во Шпанија и на некој друг начин.
Малку играчи има кои го носеле дресот на двата шпански гиганти, последен кој го направи тоа е Савиола во 2008 година, а претходно многу поголеми случаи имаше, поточно Фиго, Енрике, Лаудруп, Хаџи, но и Просинечки.