Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот италијански голман Донарума со своите одлични игри на голот на МИлан привлече голем интерес.
Овој 18-годишен голман е веќе прогласен за нов Буфон, а уште сега е јасно дека Милан тешко ќе го задржи во тимот.
Во последно време се шпекулира дека Јунајтед е најмногу заинтересиран за овој голман, но во приказната се вклучи и Реал Мадрид.
Навас оваа сезона имаше многу грешки, а Реал ќе се обиде да го донесе Донарума.
Според медиумите, Роналдо му рекол на Перез да не го донесе Донарума, односно дека играчите го сакаат Навас на голот.
Сепак, според медиумите зад тоа стои друга позадина. Наводно, Роналдо не го сака Донарума затоа што е млад и негов менаџер во иднина ќе биде Раиола.
Познато е дека менаџерот на Роналдо, Мендес се веруваше дека потпишал договор со Донарума.