Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот репрезентативец освои 8 од можни 9 титули.
Фудбалерите на Баерн Минхен ја освоија 5-та по ред титула во БЛ, а 4-та откако во тимот е Алкантара.
Шпанецот на свои 26 години стана еден од рекордерите во најдобрите лиги, затоа што веќе има освоено 8 титули, по 4 со Барселона и Баерн.
Во првите 2 сезони, во 2009 и 2010 не добиваше многу шанса кај Гвардиола, но подоцна во 2011 и 2013-та беше важен дел од тимот.
Во 2013-та година токму Гвардиола го донесе за 25 милиони евра, а Тиаго продолжи да освојува титули со Баерн.
Првите три ги освои со Гвардиола и оваа последната ја освои со Анчелоти.
Единствена сезона во која не освои трофеј беше 2012-та година кога Реал беше шампион со Мурињо.
Неверојатен податок е тоа дека ист број на титули имаат Чави и Лам кои се пред крајот на своите кариери додека Тиаго има само 26 години.