Репрезентативец на Мароко се врати од Мундијалот и уби човек (ФОТО)

Фудбалерот на Шалке, Амине Харит, учествуваше во сообраќајна несреќа во која почина една личност.

Несреќниот репрезентативец на Мароко вчеравечер околу полноќ на еден пешачки премин со својот автомобил удрил 30-годишен маж, кој починал на лице место.

Заедно со Харит во автомобилот бил и неговиот 14-годишен брат, кој според изјавите на сведоците, заработил лесни телесни повреди.

„Како возач на автомобилот, Харит не можел да ја избегне трагичнат анесреќа. Харит и Шалке испраќаат сочуство до семејството на починатиот маж“, пишува во соопштението на германската екипа.