Рикиардо од пол позиција стартува во Монте Карло


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пилотот на Ред Бул Рејсинг, Даниел Рикиардо ќе ја предводи колоната на стартот на трката во Монте Карло за Големата награда на Монако.

Рикиардо буквално доминираше на квалификациите успевајќи три пати да го собори рекордот на патеката. Во ниту еден момент не се постави прашањето кој ќе биде најбрз во Монте Карло во денешните квалификации.

Второто место во квалификациите му припадна на Фетел, додека од третата позиција ќе стартува Луис Хамилтон. Вториот ред е го пополни Кими Раиконен, а од петтата позиција ќе тргне вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.