Рома го продолжува играчот со легендата?!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Италијанскиот играч и легенда на Рома, Даниеле Де Роси најверојатно ќе остане во тимот и по оваа сезона.

Тој во Рома ја помина цела кариера, а денес има 33 години и многу се шпекулира за тоа дека ќе го напушти тимот по оваа сезона.

Освен тоа, неговиот договор завршува на крајот на сезоната, а Интер и Милан покажаа интерес да го донесат бесплатно.

Сепак, новиот директор на Рома, Мончи даде зелено светло за да се продолжи договорот со него.

Де Роси ќе заработува околу 4 милиони евра годишно, односно 1 помалку во однос на тоа што му го понуди Интер.