Рома подготви нов договор за Де Роси!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Искусниот италијански фудбалер, Даниеле Де Роси најверојатно и наредната сезона ќе игра за Рома.

Овој 33-годишен фудбалер има договор до ова лето со тимот, но по се изгледа дека ќе добие нов.

Според медиумите, Рома за Де Роси подготвила нов договор и се очекува наскоро да биде потпишан.

Де Роси својата кариера ја помина во Рома, за чиј прв тим настапува од 2002 година.

Иако веќе има 33 години, тој неодамна изјави дека сака да игра уште неколку години.