Роналдо им откажа љубов на Португалците – нема да игра во Лигата на нации!?

Португалските медиуми пишуваат дека Кристијано Роналдо решил да се посвети само на обврските во својот клуб Јувентус.

Роналдо повторно ги замолил Португалците да не го повикаат за натпреварите во октомври и ноември бидејќи сака да се сконцентрира само на Јувентус и на натпреварите кои следуваат.

Роналдо ќе го пропушти дуелот со Полска во Лигата на нации и пријателскиот меч со Шкотска.

Исто така, Роналдо во ноември повторно нема да игра против Полјаците, ниту против Италијанците.

Португалците инаку се први во групата, а Италија и Полска имаат по еден бод.