Роналдо се распрашувал за Кина

Поранешниот селектор на Португалија, Луис Фелипе Сколари истакна дека Кристијано Роналдо се распрашувал за животот во Кина.

Сколари му беше селектор на Роналдо од 2003 до 2008 година, а Бразилецот има работено во тимот на Гвангжу кој е дел од Кинеската Супер Лига.

„Тој ме прашуваше повеќе од еднаш за животот во Кина. Зошто Кристијано Роналдо не може да оди во Кина? Точно е ме прашуваше за тоа, а јас му ги дадов сите можни насоки и му кажав нешто што го велам постојано, кога и да ти се укаже можност, мора да одиш во Кина“- коментираше Сколари.

33 годишниот Роналдо полека влегува во завршните години од неговата кариера и се уште не е познато дали ќе одбере да остане во Реал Мадрид, да се врати во Манчестер Јунајтед или ќе ги одбере милионите од Кина или ПСЖ.