Роналдо стигна до бројката од 500 голови!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Реал Мадрид се пласираше во финалето на светското клупско првенство со победата против Клуб Америка со 2:0.

Карим Бензема му донесе предност на Реал во втората минута одпродолжението во првиот дел и така стана првиот играч ан Реал кој на две светски клупски првенства бил стрелец(2014 и сега).

Победата на Реал ја осигура Роналдо во 3-та минута од судиското продолжение и тоа со својот 500-ти гол во кариерата постигнат во фудбалот.

Роналдо до 500 голови стигна носејќи дрес на три клубови – Спортинг, Манчестер Јунајтед и Реал на 689 натпревари.

Во 31 натпревар за Спортинг, Роналдо постигна 5 голови, во дресот на Јунајтед на 292 натпревари постигна 118 голови, а за Реал на 366 натпревари постигна 377 голови.

Во кариерата Роналдо постигна 40 хет-трик, погоди мрежа на 92 различни клубови. Најмногу голови има постигнато против голманите на Севиља-22, Гетафе-20 и Атлетико Мадрид-18.

Најубиствен Роналдо беше во минатата сезона кога постигна 61 гол.

Првиот гол го постигна во победата на Спортинг против Мореиренсе на 7 октомври 2002 година.