Роналдо: Судиите мора да го заштитат Нејмар!

Бразилецот Роналдо кажа дека судиите мора да го заштитат Нејмар од прекршоците на противничките фудбалери на Мундијалот во Русија.

„Постојат многу начини да се игра фудбал, а јас сум противник на тие што мислат дека Нејмар постојано глуми. Тој е паметен играч и мора да се заштити себеси“, вели Роналдо.

Роналдо ги објасни прекршоците врз ѕвездата на ПСЖ како немоќ на ривалите кои го чуваат.

„Тешко е да се земе топката на Нејмар без прекршок. Не мислам дека го штитат судиите, дури напротив… Кога луѓето постојано повторуваат дека глуми, чувствувам дека не фер третман. Критиките се глупост“, објаснува Бразилецот.