„Сакаме да влеземе во историјата со освојувањето на Лигата на шампионите“

Ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо се надева дека Мадриѓаните ќе слават во финалето на Лигата на шампионите против Јувентус и да стана прва екипа која ја одбрани титулата шампион на Европа во новиот формат.

„Сакаме да влеземе во историјата, а ако ја освоиме ќе станеме прва екипа која ќе ја освои Лигата на шампионите две сезони по ред по новиот формат. Тоа се наши амбиции и наш сон. Секогаш е убаво да се игра во финале на Лигата на шампионите.

Играме против одлична екипа, знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но ние сме Реал Мадрид и ги имаме сите шанси за освојување на трофејот.

Мислам дека шансите се подеднакви, но се надевам дека ќе славиме“, рече Роналдо во интервју за УЕФА.

Португалецот смета дека Јувентус е одлична екипа, како и дека не стигнаа до финале случајно.

„Освојување на Лигата на шампионите е многу тешко. Во групата завршивме на второто место, но но нокаут фазата одигравме одлично и заслужно играме во финале. Јувентус е одличен тим. Не стигнаа до финале случајно.

Ја освоија Серија А и Купот, а сега ќе играат со нас и не очекува тешка мисија. Имаат одлична последна линија, но секогаш имаат некоја слабост која ќе пробаме да ја искористиме“, заклучи Роналдо.

Финалето на ЛШ е на распоредот во сабота, 3 јуни во Кардиф.