„Сакам да играм во Премиер лигата“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона Нејмар призна дека сака да игра во англиската Премиер лига.

Бразилецот во 2015 година имаше на масата понуда од Манчестер Јунајтед вредна дури 140 милиони фунти, но таа е одбиена.

Сепак, Нејмар призна дека еден ден сака да заигра во Премиер лигата и дека таа лига му е многу привлечна.

„Таа лига ме изненадува. Го сака стилот на игра, ми се допаѓа Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал и Ливерпул. Тие секогаш жестоко се борат за титулата и искрено сакам да играм за Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола“, призна бразилскиот напаѓач.

Нејмар во оваа сезона настапи во 23 натпревари за Барселона и постигна 14 голови и често се споменува можноста за негово заминување од клубот чиј член стана во лето 2013 година