Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Алексис Санчез моментално е во минхен, медиумите се натпреваруваат кој што посилно да ја пренесе оваа информација.
Алексис Санчез е се поблиску до заминување од Арсенал, а неколку клубови се споменуваа како негова наредна дестинација.
Напаѓачот кој во оваа сезона неколку пати го покажуваше своето незадоволство поради лошите резултати на Арсенал, може најбрзо да заврши во Баерн од Минхен, кој веќе испрати понуда до Арсенал, а моментално се преговара околу платата која може да ја има во Баварците.
Германските медиуми веќе неколку дена пополека наговестуваа дека овој фудбалер може да стане играч на Баерн, а денеска сите се натпреваруваат во тоа кој посилно ќе ја пренесе пораката дека менаџерот на Алексис Санчез е моментално во Минхен на завршни преговори.
Популарниот чилеански медиум по име „Емол“ пишува дека Баерн на Алексис Санчез понудил неверојатна плата од 13 милиони евра годишно!
Покрај тоа, Баерн понуди на Арсенал 58 милиони евра за оштета.
Потребно е уште да се сложи Алексис да стане фудбалер на Баерн, но нема сомнеж дека оди кон тоа.