Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските тимови во Лигата на шампионите играат сезона за заборав.
Валенсија излезе во групната фаза на натпреварувањето, Атлетико и Реал Мадрид се елиминирани vo 1/8 финалето, а тоа може да им се случи вечерва и на Барселона.
Иако Каталонците се фаворити против француски Лион, примерите на Јунајтед и Ајакс, кои направија чуда, покажуваат дека во фудбалот се е можно.
Францускиот тим на Ноу Камп вечерва треба да одигра нерешено со голови за да помине понатаму, а ако тоа се случи Шпанија после 14 години нема да има претставник помеѓу осумте најдобри тимови во Европа.
Во сезоната 2004/05 последен пат се случи да нема претставник од Ла Лига во 1/4 финале.