Се подготвува предавство? Санчез одлучи каде сака да замине

Најдобриот фудбалер на Арсенал, Санчез, според медиумите, одлучи каде сака да игра наредната сезона.

Него го сакаат многу европски гиганти, но негова желба е Челси, големиот ривал на Арсенал.

Меѓутоа, проблем е во реализацијата на трансферот. Во Арсенал не сакаат да слушнат за такво нешто, а извори пишуваат дека управата на тимот би го пуштиле подобро да замине бесплатно, отколку да го гледаат во Челси.

Договорот на Санчез завршува во 2018-та година и најверојатно нема да го продолжи.

Освен Челси, за него се заинтересирани Јувентус и ПСЖ.