Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тренерот на Тотенхем, Покетино беше задоволен со играта на своите играчи по победата против Арсенал.
Тотенхем во дербито на 35-то коло во ПЛ го победи Арсенал со 2:0. Стрелци за Тотенхем беа Али во 55-та и Кејн во 58-та минута.
„Горд сум и среќен поради одличната игра на тимот. Се уште сме во трка за титулата, имаме 4 бодови помалку, но се е можно во фудбалот. Во петок не очекува важен натпревар со Вест Хем.“
„Играчите беа фокусирани, мислам дека не беа свесни како заврши натпреварот помеѓу Евертон и Челси.“
Тотенхем по оваа победа има 77 бодови и се наоѓа на 2-та позиција додека Челси има 4 бодови повеќе.
Во наредното коло Тотенхем му гостува на Вест Хем, а натпреварот се игра во петок од 21 часот.