Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Арсенал и Манчестер Сити ремизираа на Итихад во натпревар од 30-то коло во Премиер Лига, 2:2.
Велбек шутираше непрецизно на почетокот на натпреварот. Во петата минута Лерој Сане погоди за водство на граѓаните.
Де Брујн ја погоди стативата, а Силва пропушти шанса за зголемување на водството на Манчестер Сити. Тео Волкот во 40-та минута го израмни резултатот. Де Брујн имаше шанса за да го врати водството на Сити, но ја погоди стативата.
Две минути подоцна Серхио Агуеро го врати водството на граѓаните. На полувреме Сити замина со минимална предност, 1:2.
На почетокот на второто полувреме Шкодран Мустафи постигна погодок со глава и повторно го израмни резултатот.
Оспина потоа ги одбрани ударите на Фернандињо и Агуеро. На крајот двата клуба ги поделија бодовите, 2:2.
Манчестер Сити ќе остане на четвртата позиција, а Арсенал на шестата позиција.