До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Тотенхем вечерва на домашен терен со 2:0 го победија Манчестер Јунајтед во дербито на 25 коло во Премиер лигата.
Домаќините до предност стигнаа во 11 секунда од натпреварот, по грешката на одбраната на Јунајтед, која ја искористи Ериксен и го совлада Де Геа.
На „ѓаволите“ не им одеше најдобро, а тоа се виде во 28 минута кога Тотенхем ја зголеми предноста и ги постави конечните 2:0 со автоголот на Џонс.
Лидерот во ПЛ, Манчестер Сити на домашен терен го победи ВБА со 3:0 и така ја зголеми предноста во однос на Манчестер Јунајтед. Сити дојде во предност со головите на Фернандињо и Де Брујн, а конечните 3:0 ги постави Агуеро.









