Соиграч застана во одбрана на Коста – Нема никакви проблеми во тимот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Маркос Алонсо тврди дека Диего Коста ќе остане во Челси.

Да потсетиме, Коста се скара со Конте и наводно повеќе нема да игра во Челси.

Тие шпекулации се појавуваат се почесто, но Алонсо тврди дека Коста ќе остане во тимот.

„Ја измислија приказната. Диего не се чувствува добро поради неговиот грб. Тој е многу среќен и ќе има голема сезона со Челси.“

Челси наредната недела игра против Хал, а ќе биде интересно да видиме дали Конте ќе го врати Коста во тимот на Челси.