Спектакл во Минхен: Ливерпул поведе преку Сане, Баерн веднаш им врати! (ВИДЕО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Баерн Минхен и Ливерпул играат одличен меч во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампиони, па по првите 45 минути резултатот е 1-1.

Ливерпул стигна до водство во 26. минута преку Садио Мане, кој одлично го измами Мануел Ноер, како и одбраната на Баварците, па ја затресе нивната мрежа.

Само 13 минути подоцна Баерн го искористи притисокот и во 39. минута тие создадоа одлична акција, која заврши со автогол на Матип за 1-1.

Овој резултат му одговара на Ливерпул, зашто имаат подобра гол-разлика на гости, па доколку остане вака, тогаш „црвените“ ќе обезбедат пласман во четвртфиналето на европското натпреварување.