„Срамните одлуки се штетни за италијанскиот фудбал“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Наполи по поразот од Јувентус имаа забелешки на судењето.

Наполи беше поразен од Јувентус со 3:1 во првиот натпревар од купот, а пеналите досудени за Јувентус се „штетни и срамни за италијанскиот фудбал“.

„Им честитам на играчите за играта, изгубија поради две одлуки кои не беа спорни, туку срамни и штетни за италијанскиот фудбал. Јасно се гледа на снимката дека Дибала ја турна топката и бараше контакт. Кај вториот Реина стигна до топката, апотоа не можеше да сопре, па го удри играчот.“

Да потсетиме, во Торино стрелци на головите беа Дибала со 2 голови и Игуаин.