Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Планираат да му понудат плата од соништата, но дали Фабрегас ќе одолее на парите.
Турските медиуми тврдат дека претседателот на Бешикташ, Орман стигнал во Лондон на преговори со Челси.
Мета е Фабрегас за кој наредната година нема да има место во Челси. Споменувано е негово заминување во Милан, но и таму ништо не се знае. А Бешикташ ќе му ја понуди најголемата плата во историјата на турскиот фудбал.
Шампионот на Турција планира да направи одличен тим, неколку познати имиња се на мета, а Фабрегас е едно од нив.
Проблемот е тоа што тој сака да остане во Лондон, иако тешко може да се верува дека би можел да се врати во Арсенал или да заврши во некој друг клуб од Лондон.
Ова не би морало да биде единствен трансфер од ПЛ во Турција, претходно се зборуваше дека Озил ќе се пресели во Фенербахче.