Стигна понуда, а Арсенал е во дилема – Дали ќе бидат доволни 30 милиони за Санчез?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Најдобриот играч на Арсенал, Санчез по завршувањето на сезоната би можел лесно да потпише за Јувентус.

Според медиумите, Јувентус веќе испратил понуда од 30 милиони евра за Санчез кој сеуште нема потпишано нов договор со Арсенал.

Тој има до 2018-та година договор и доколку не го продолжи, Арсенал ќе мора да го продаде во лето за да заработи на него.

Јасно е дека за играч како Санчез, тие би заработиле  повеќе од 30 милиони евра, но во моментов не се во ситуација да преговараат.

Санчез на 34 натпревари постигна 20 голови и 16 асистенции и во Арсенал прават се за да го продолжат договорот со него, но проблем е тоа што тој сака да замине.

Со оглед на тоа дека во Италија има настапувано веќе за Удинезе, Санчез можел да се пресели таму.

Освен Јувентус, за него интерес покажа и ПСЖ.