Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Торино, Јаго Фалке изјави дека фудбалот е пострасен во Италија отколку во Шпанија.
Овој 27-годишен напаѓач играше на позајмици во Виљареал, Алмерија и Рајо Валекано, а во малдите категории играше и за Реал Мадрид и Барселона.
„Не размислувам за тоа што би можело да биде во Шпанија, затоа што фудбалот, на крајот на краиштата ве става таму каде што заслужувате да бидете. Овде го најдов својот дом.“
Тој вели дека од Барселона Б заминал кога Луис Енрике му кажал дека нема место за него. Тогаш премина во Јувентус, каде што одигра една сезона за младите фудбалери на тој тим, а потоа втората ја помина во Бари.
„Годините во Барселона и Јувентус ми користеа. Прво ми дадоа карактер, затоа што кога ја напуштив Барселона не беше лесно да се прилагодам. Времето поминато во спортскиот центар на Јувентус ми значеше кога се вратив во Италија.“
„Овде фудбалот се доживува со повеќе страст отколку во Шпанија. Пред неколку вечери седев во ресторан и на телевизија се пренесуваше натпревар, не се сеќавам кој. На крајот беше доуден пенал, а во ресторанот се застана, ниту келнерите не служеа додека не заврши.“